Активности

Активностите на проектот се однесуваат на скопскиот плански регион. Како специфични цели на проектот ги издвојуваме:

(1) Утврдување на перцепциите на граѓаните за можностите кои ги нуди референдумот како клучна алатка на непосредната демократија;

(2) Зголемување на капацитетите на локалните граѓански организации и неформални јадра и групи за информирање, поттикнување и организирање на референдуми на локално ниво;

(3)Подобрување на соработката помеѓу општините и граѓанските организации како и други неформални групи и поединци за прашања од локален интерес;

(4)Поттикнување на јавната дебата помеѓу клучните носители на интереси на локално ниво како и нејзина одржливост;

(5)Зголемување на свеста на граѓаните за можностите кои ги нуди непосредната демократија;

(6) Поголемо учество на граѓаните во процесите на носење на одлуки на локално ниво и подобра информираност на јавноста.