За проектот

„Јакнење на капацитетите на граѓанските организации за остварување на правата на граѓаните за референдум на локално ниво“ претставува 12-месечен проект на Институтот за стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ) од Скопје кој ќе биде имплементиран во периодот од март 2018 –февруари 2019 година.

Проектот е насочен кон зголемување на свеста за можностите за непосредното учество на граѓаните во донесувањето на одлуките, преку нивно изјаснување на референдум. Потребно е да бидат зајакнати капацитетите на граѓанските организации со цел тие да може да се јават како иницијатори за спроведување на референдум и да обезбедат соодветна мобилизација на граѓаните. Проектот е фокусиран кон засилување на капацитетите на целните групи преку обуки, симулации, тркалезна маса и создавање на документ за креирање на политики, но и подобрување на информираност на граѓаните и достапните информации преку вебсајт, кампања на социјалните мрежи и стории во медиумите.

Директни корисници на проектот се: 1) локалните граѓански организации во скопскиот плански регион, 2) граѓанските неформални групи и јадра, 3) граѓанските индивидуални активисти, 4) претставниците на општините; и 5) локалните медиуми.

Партнери при спроведувањето на проектот се општините Арачиново, Бутел и Гази Баба.

Овој проект е финансиран од Европска Унија и се имплементира во соработка со Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија – ЗФР и Европското движење во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, кој има за цел да го зајакне влијанието на организациите од граѓанското општество во јавните политики на локално ниво.