Симулација на процедура за локален референдум.
Преку оваа активност ќе бидат тестирани капацитетите на локалните граѓански организации за поставување на проблемот, негово специфицирање, презентирање во јавноста и пред надлежните органи, лобирање за истото, се додека стигне прашањето до ниво на одлучување на совет на општина или совет на Град Скопје или преку покренување на граѓанска иницијатива на локално ниво (член 3, став 3 од Закон за референдум и други облици на непосредно изјаснување ена граѓаните).
Симулацијата ќе се изврши во следните чекори: чекор 1) избор на три прашања од локален интерес за жителите на скопскиот плански регион кои се актуелни во моментот; чекор 2) дефинирање и специфицирање на прашањата (менторска фаза); чекор 3) воспоставување контакт со надлежните од општините чекор; 4) водење на кампања на социјалните мрежи за промоција на иницијативата; и чекор 5) барање до советот на општината/општините да се изјаснат по предложената иницијатива или спроведување на граѓанска иницијатива на локално ниво. Симулацијата ќе биде составен дел од обуките, а на дел ќе се работи по менторски систем.